Поради изведување работи во водоводна мрежа, за поврзување на постоечката цевка со новата цевка, ќе има прекинување со водоснабдување на целата територија на општина Струга, информираат од ЈП „Водовод и Канализација” Струга.
Прекинот започнува од среда (11.05.2022) во 22:00 часот, а ќе трае до четврток (12.05.2022) во 19:00 часот.