ЈП водовод и канализација струга
Прекин на водоснабдувањето во Струга
Од среда (11.05.2022) во 22:00 часот, до четврток (12.05.2022) во 19:00 часот ќе има прекин на водоснабдувањето во Општина Струга.
Поради изведување работи во водоводна мрежа, за поврзување на постоечката цевка со новата цевка, ќе има прекинување со водоснабдување на целата територија на општина Струга, информираат од ЈП „Водовод и Канализација” Струга.
Прекинот започнува од среда (11.05.2022) во 22:00 часот, а ќе трае до четврток (12.05.2022) во 19:00 часот.


