Skip to main content

Утре прекин во водоснабдувањето во цела Струга

Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.
 |  инфодеск  | 
Струга

Поради изведување работи за замена на вентили, утре, 2 септември (среда), ќе има прекин во водоснабдувањето на целата територија на Општина Струга.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга информираат дека прекинот ќе трае во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.