Преку куклени претстави, учат за дискриминацијата
Преку куклени претстави, учениците од од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани учеа како да ја препознаат и да и се спротивствата на дискриминацијата.
kuklena-pretstava
Локалната агенција за развој од Струга, продолжува со реализацијата на проектот „Немој“. Преку единаесет кулклени претстави низ основните училишта во Струга и околните рурални заедници, најмладите ќе учат како да ја препознаат дискриминацијата во секојдневниот живот. Неодамна основците од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани учеа како да ја препознаат дискриминацијата, но од страна на своите наставници беа подучувани и како да реагираат кога ќе се сретнат со истата. Целта на претставите е да им помогне на присутните да ги препознаат негативните дискриминаторски практики кои се прифатени како нормален дел од секојдневието. Приказните на куклените претстави пак, се ситуации од вистинскиот живот. Претставите ги водат локални актерки во соработка со учителките. По завршувањето на секоја претстава, учителките развиваат дискусија за тоа како проактивно да се решат случаите на дискриминација прикажани во куклените претстави.
Главната цел на овој проект е да им помогне на жителите од руралните заедници во Струга и Вевчани да препознаат кога се однесуваат како дискриминатори, а кога се дискриминирани врз основа на етничката и верска припадност и да им се понудат решенија за тоа како да го променат таквото однесување.
ЛАР-Струга е граѓанска организација која постои веќе 7 години и се стреми кон подобрување на квалитетот на животот на жителите на општина Струга и регионот.
Преку соработка со различни актери од Македонија и соседните држави, ЛАР придонесува за создавање одржливи решенија за севкупниот развој на општина Струга и регионот.
{loadposition content9}