Преку медијација до соживот
Учениците на струшките гимназии од различна етничка припадност, учат за соживот.
Струшките гимназии мирно ја заокружуваат учебната година. Она што беше Средното Општинско Стручно Училиште „Нико Нестор“ од пред три години, извор на инциденти, веќе не е, тврди директорот Васил Максимоски. Тој смета дека со добра организација и соработка со сите кадровски структури на училиштата, скоро и да не се остава простор за инцидент.
Годинава се случиле само два помали инциденти кои благовремено биле расчистени. Максимоски вели дека како одговорни ги презеле сите мерки за безбедност но за тоа допринеле и работилниците за мултиетничка култура и медијација кои биле спроведени во соработка со невладиниот сектор.
„Јас го користам мојот авторитет јас нема да бидам скромен овој пат така да стално ми се чини дека секогаш дека сум чекор пред учениците ја чуствувам атмосферата, приликите, соработката со Ибрим Темо, ни е прекрасна со директорот Урим, се надополнуваме така да се трудиме проблемите да ги решиме што е можно побрзо. Медијацијата како процес кој ми се чини дека во голема мера ќе ги намали овие тензии меѓу учениците, тоа е една метода или една постапка каде што учениците сами го решаваат случајот без насилни методи.“
И директорот на Ибраим Темо, Урим Крека уште откако е назначен за директор негова главна заложба била спречување на инцидентите и воведување мир и соживот во воспитно образовниот процес на училиштето. Во таа насока тој заедно со група на ученици од мешан етнички состав, неодамна беа во посета на Ниш како учесници на проект за медијатори.
„Учениците беа присутни на проектот за медијатори, меѓутоа ние тука ги вклучивме и дел на наставниците да се обучат за лиценцирани медијатори во настава. Исто така имаме дел на ученици кои се во Романија на еден проект од НВО каде што тие ученици учествуваат во изработка на списание каде се пишува на три јазици македонски албански и англиски“.
Да се воведе ред кај 1 700 ученици колку што е капацитетот на училиштата воопшто не е лесно и може да се случи по некој изолиран меѓусебен конфликт. Сепак, радува податокот што инцидентите во средношколскиот процес во Струга видно се намалени. Дали е тоа заедничка заложба на менаџерските тимови заедно со кадарот, или сепак тоа е резултат дека е подигната свеста кај учениците за тоа, дека инцидентите не одат во прилог на никој.
{loadposition content9}