На 30-ти март, пред струшката публика премиерно ќе се прикажува филмот „HIVE“. Филмот е албанско-косовска продукција и е добитник на трите главни награди на Sundance филмскиот фестивал 2021 година.
„HIVE“ е базиран на вистинска приказна. Во 17 часот е првата проекција за средношколците и влезот ќе изнесува 100 денари. За сите останати во 20 часот ќе има уште една проекција и влезот ќе изнесува 150 денари – информираат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“.