Пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана
Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија во борбата против недозволена трговија со дрога реализираше случај при што запленети се околу 300 килограми растителна материја, за која се потврди дека е марихуана, а од слобода се лишени три лица, македонски државјани, со што е пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана од Р.Албанија.
Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија во борбата против недозволена трговија со дрога реализираше случај при што запленети се околу 300 килограми растителна материја, за која се потврди дека е марихуана, а од слобода се лишени три лица, македонски државјани, со што е пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана од Р.Албанија.
Имено, вчера околу 15:00 часот, по претходно добиена информација за сомнителни активности во близина на с.Радожда, Струга, преземени се оперативно тактички мерки и поставена е заседа од страна на полициски службеници во близина на местото викано Ледиње во близина на с.Радожда, Струга каде биле забележани 9 полни патнички торби. Околу 16.30 часот од страна на полициските службеници било забележано едно патничко моторно возило со кичевски регистерски таблички и две лица кои се приближиле до патничките торби и започнале да ги товараат торбите во возилото. По реакција на полициските службеници фатени се и лишени од слобода А.А (42) и Л.М. (33) двајцата од Кичево, од кои едниот Л.М. е полициски службеник во Полициската станица за обезбедување на државната граница „Стрезимир“.
По извршениот преглед на патничките торби утврдено е дека истите се полни со 206 пакувања облепени со кафеава селотејп трака со растителна материја, најверојатно марихуана, со вкупна тежина од околу 300 килограми. Во обавениот разговор со лицето од Кичево, истиот изјавил дека имал претходен договор со друг полициски службеник И.Г. (32) во ПС за ОДГ „Стрезимир“ кој му дал инструкции каде да ја преземе марихуаната. Врз основа на инструкциите, заедно со полицискиот службеник кој е приведен на лице место, за паричен надомест од 9.000 евра, наводно требало да ја транспортира марихуаната до Кавадарци каде што требало да ја преземе друго лице.
Одземената растителна материја беше предадена за вештачење во Одделот за криминалистичко технички испитување и вештачења, при што е утврдено дека се работи за 297 килограми и 635 грама марихуана со висок квалитет. Според досегашните сомненија истата потекнува од Албанија и со кајче била илегално внесена во земјава. Запленетата марихуана најверојатно била намената за продажба на нарко пазарот во земјите на западна Европа, каде би достигнала цена помеѓу еден до два милион евра во зависност од тоа дали би се продавала на големо или на мало.
По целосно расчистување и документирање на случајот од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 став 3 од КЗ на РМ против трите лица и тоа против полицискиот службеник како организатор на криминална група, и против двете лица како членови на криминална група.
{loadposition content9}