МВР
Претрес во струшко, пронајдена дрога, приведен стружанец
По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

На 17.07.2023 во 16.40 часот во с.Мислешево, струшко, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Ц.К.(23) од Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмет со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.


