Претседателот Иванов по 8 -ми пат одржа прием за дипломатскиот кор во земјава
Претседателот Иванов по 8 -ми пат одржа прием за дипломатскиот кор во земјава.
На традиционалниот новогодишен прием претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов пред дипломатскио кор во земјава истакна дека минатата 2016 беше ужасна година со политички и економски превирања во светот. Тоа беше година во која најсилно се почувствуваа последиците на двојните стандарди, непочитувањето на меѓународното право, на пропаднати држави. Иванов во обраќањето изрази очекување од домашните политички партии во постизборниот процес дека ќе водат грижа за интересите на државата. Зборувајќи за предизвиците во оваа година претседателот потсети на опасностите од мигрантската криза и злоупотреба на бегалците за дестабилизација на државите. Регионот има потреба од стратегиско свртување кон внатре во услови кога ЕУ се соочува со бројни предизвици, а меѓународни организации се блокирани, истакна Иванов. Упати критики за политичките реторика на политичари од соседството кои ја загрозувaат стабилноста на Балканот.
„ Иако не заслужуваат коментар, сепак, ќе кажам дека отварањето на старите рани и мешањето во внтарешните работи на државите може да ги загрози добрососедските односи“, рече Иванов.
Олег Шчербак, амбасадорот на Русија во Македонија на приемот се обртаи од името на дипломатскиот кор. Тој посочи на опасностите кои му се закануваат на светот доколку одредени состојби не се променат.
„ 2016 година беше тешка и болна година за светската заедница. Хроничната недоверба, непочитувањето на меѓународното право, двојните стандарди го дефокусираа светот од вистинските предизвици, меѓународниот тероризам, нелегалната трговија, големите разлики помеѓу богатите и сиромашните, климатските промени и глобалната нестабилност“, напомена Шчербак.
Под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов, во Струга, по 8 пат се одржа традиционалниот новогодишен прием за дипломатскиот кор во Македонија.