Превисоки сметки за струја во Здравствен дом Вевчани
Десеткратно зголемени сметките за електрична енергија во Здравствен дом Вевчани. Минатата година киловат час на слободниот пазар бил 3,7 денари, годинава е 37 денари.
Од јавната здравствена установа велат во август презеле мерки и заштедиле околу 1000 киловати, ја намалиле потрошувачката за 10%, но сметките се превисоки и невозможно е да се покријат од сопствениот буџет.
Со ова темпо со оглед на буџетот кој што го имаме, кој што е еднаков или дури и помал од ланскиот и покрај сите наши напори ни се чини дека ќе бидеме доведени во многу тешка ситуација до крајот на годината ако продолжиме со ова темпо на зголемување на цената на струјата – вели Јован Стојкоски, директор на Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски – Вевчани.
Дополнителен товар е и зголемувањето на цената на нафтата, која е за 50 % повисока од лани. Испратиле дописи до министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување за надминување на проблемите предизвикани од енергетската криза.
Исто така и основното греење кое е на нафта не можеме да го заборавиме нафтата за греење е изедначена по цена со дизел горивото. Така што во однос на лани во тој дел нашата потрошувачка е 15 до 20 тони на ниво на година ќе имаме зголемување негде за околу 50 %. Така што ќе мора да бидеме субвенционирани за да можеме да ја обавуваме дејноста – додава Стојкоски.
Сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската, најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Општата производна цена на ЕСМ во моментов е некаде околу 70 евра за мегават час, а сигурно и основните училишта и средните училишта ќе се субвенционираат по иста цена од Владата, тоа важи и за клиниките и за болниците – стои во соопштението од владината прес служба.
Новинар : Соња Рилковска