Skip to main content

Презентирани резултатите од проектот ИРЕКо

Пилот проект, спроведување на енергетски контроли на 4 јавни објекти во Југозападниот плански регион, добија 4 општини од овој регион. Во Струга беа презентирани постигнатите резултати од спроведувањето на проектните активности во Југозападниот плански регион во период од 15 месеци колку што беше времетраењето на проектот ИРЕКо.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

efikasnostЗаврши проектот „Зголемување на ЕЕ и искористување на ОИЕ во меѓуграничниот регион. Во хотел „Дрим“ Струга беа презентирани финалните резултати од имплементација на проектот кој што траеше 15 месеци во кој што беа вклучени сите општини од Југозападниот регион на Македонија и регионот Корча Албанија. Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион вели дека задоволни се од постигнатите резултати, ги поминале сите општини од регионот, спровеле обуки, предавања, работеле на подигање на јавната свест, реализирале отворени денови, промотивни настани, и изработиле пилот проекти во неколку училишта за енергетска контрола.

„Мене ми е задоволство да слушнам на крај од проект дека она што било планирано на почетокот кога се подготвувал проектниот предлог дека на крајот кога завршила имплементацијата се успешно е реализирано. И јас сметам бидејќи бевме партнери во овој проект со МАЦЕФ сметам дека сите активности што беа предвидени успешно се реализираа и посаковам и во наредниот период да имаме вакви проекти од кои што ќе има позитивни ефекти и влијанија во сите општини во нашиот регион  ќе има позитивни ефекти во заштитата на животната средина што придонесува и во натамошниот одржлив развој во регионот“– вели Лозаноска.

efikasnostГлавната цел на проектот беше да се утврди и зголеми искористувањето на ОИЕ и ЕЕ во Југозападниот регион и регионот на Корча, соседна Албанија, вели Јасминка Димитрова Капац од МАЦЕФ. Таа додаде дека овој проект е насочен кон подобрување на животните и работните услови за сметка на енергетската сиромаштија, намалување на емисијата на ЦО2, како и промоција за искористување на ОИЕ и заштита на природните ресурси. Од вкупно 7 активности кои беа спроведени во рамките проектот, Капац презентира дел од нив.

„Кампања за подигнување на јавната свест која започна со анкета спроведена во овој регион, целта на анкетата беше да се утврди вистинската состојба во регионот во однос на нивото на спроведувањето на мерките за ЕЕ и степенот на искористување на ОИЕ. Што покажаа резултатите од таа анкета, всушност доста голем процент се искажаа позитивно во однос на познавањето и примената на придобивките на мерките за Енергетска ефикасност иобновливите извори на енергија“ – нагласува Капац.

efikasnostОвој проект посебно е корисен бидејќи се работи на подигање на свеста и едукација на народот во Македонија за енергетска ефикасност, вели Климе Шешо. Спред него досега мал број од луѓето биле упатени во оваа проблематика, а како најголем проблем кај нив за инвестирање во обновливите извори биле финансиите.

„Ова беше една голема можност да се едуцираат граѓаните посебно од овој регион прво зголемување на енергетската ефикасност па потоа применување на обновливите извори на енергија. Веќе даде резултат овој проект, ние како фирма која што работиме на оваа проблематика увидовме дека навистина се подигна свеста кај граѓаните и дека бараат, односно своите  фасадите ги работат со изолација и на некој начин бараат обновливи извори на енергија заради финансискиот бенефит“ – вели Шешо.

Проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија во меѓуграничниот регион“-ИРЕКО, е финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Четири општини од регионот добија бесплатана енергетска контрола на 4 објекти.

{loadposition contnet9}