На 8-ми јануари 2025 година, во 14:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 42-годишно лице од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46-годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 8-ми јануари 2025 година, во 13:20 часот во струшко село, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 49-годишно лице, постапувајќи по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.