На 28.12.2023 во 21.15 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга лишиле од слобода 19 годишен стружанец, информираа од МВР.
„Кај него бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ калибар 9 милиметри. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – се вели во полицискиот билтен.
Извор: МВР Фото: илустрација