Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години
Приведени три лица од струшко за злоставување малолетничка
Приведени се двајца возрасни мажи и 17-годишно лице поради злоставување на девојче помало од 14 години, информираат од СВР Охрид.
На 25.03.2023 година во ОВР Струга, лишени од слобода се Т.Л.(57), од струшкото село Враништа, Н.К.(69) од селото Драслајца и 17 годишно лице од селото Мороишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.
По целосно документирање и расветлување на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.


