Привршува реконструкцијата на објектот на Министерството за одбрана во Струга
Објектот е изграден во 1934 година и има значајна историска и архитектонска вредност, како сведоштво за урбаниот развој на Струга.

Во завршна фаза е реконструкцијата на објектот на Министерството за одбрана во Струга, кој претставува еден од препознатливите објекти на градската архитектура и е заштитено културно добро.
Објектот е изграден во 1934 година и има значајна историска и архитектонска вредност, како сведоштво за урбаниот развој на Струга. Со проектот се врши реконструкција на фасадата и кровната конструкција, со цел обезбедување долгорочна заштита и зачувување на неговиот автентичен изглед.
За реализација на проектот, Министерството за култура и туризам обезбеди средства во висина од 9.114.000 денари, а конзерваторско-реставраторските работи се во завршна фаза. Со обновата се очекува да биде зачуван еден од значајните објекти од културното наследство на Струга.







