Проблеми со паркинг-простор во Струга речиси да нема
Струга речиси го има решено проблемот со недостиг на паркинг простор.
паркинг
Граѓаните велат дека паркиралишта има доволно, но само во централното подрачје. Улицата „Маркс Енгелс“ е слободен простор кој би можел да се искористи за таа намена, велат од Локалната самоуправа.
Секоја година бројот на регистрирани возила се зголемува и со тоа автоматски се бара паркинг место повеќе.Граѓаните велат што повеќе паркинг простор тоа подобро. Тие се со свој став дали има доволно место соодветно да бидат паркирани возилата.
Општина Струга максимално го искористува слободниот простор за паркиралишта, вели секретарот Зоран Гулицоски. Недостиг на паркинг место има секој град, но Стрга се бројува во оние кои речиси имаат задоволителен капацитет за таа намена, додава секретарот.
„Градот нема доволно слободен простор кој би можел да се искористи за паркинзи. Ако навистина почувствуваме дека итно треба да се најдат нови паркиралишта, во моментов општината на располагање ја нуди улицата „Маркс Енгелс“. Ако на седница на совет, советниците донесат одлука за обезбедување паркинг простор, планираме едниот крак на улицата да го пренамениме за тоа“, кажува секретарот.
Појасни дека улицата ќе функционира како и досега, движење ќе има по двете ленти, бидејќи истата е доволно широка ќе може да послужи и за паркирање на возилата.

{loadposition content9}