Skip to main content

Во Струга продолжува ослободувањето на јавните површини од урбана опрема

Општина Струга упатува апел до граѓаните и деловните субјекти да не ги узурпираат јавните површини.
 |  инфодеск  | 

Општина Струга соопшти дека продолжува акцијата за ослободување на јавните површини, а од денес целосно е ослободен и достапен за граѓаните и посетителите еден од најатрактивните делови на градот, текот на реката Дрим од излезот од Охридското Езеро.

„Ова е уште еден важен чекор во нашата заложба јавните површини да им ги вратиме на граѓаните, обезбедувајќи слободно движење, рекреација и поуредена и поубава животна средина за сите“, наведуваат од Општината.

Воедно, Општина Струга упатува апел до граѓаните и деловните субјекти да не ги узурпираат јавните површини. Потенцираат дека јавните површини претставуваат заедничко богатство кое треба да се чува, почитува и да биде подеднакво достапно за сите граѓани.