Skip to main content

Продолжува сторијата за семејството Узуноски

20 дена спијат со отворена врата, а веќе 10 немаат вода за пиење.

 |  Билјана Колоска  | 
Uzunovi
Узунови
Нема крај на маките на семејството Узуноски. Соседот или пак како што тие го нарекуваат купецот на долниот кат, овој пат им направи друг проблем. На секој можен начин се обидува да ни ги скрати основните услови за живеење. Соговорникот тврди дека купецот дошол и насилно им ја исклучил водата. Веќе 10-тина дена нема капка вода на вториот кат, каде живеат тие.

Ljuben Uzunov„Јас болен човек морам да имам дома вода. Сега одиме до црквата да полниме вода за да донесеме тука“-кажува соговорникот Љубен Узуноски.

Тој  и неговото семејство реагираат што соседот, досега не ја поставил вратата која неодамна ја откорна, за што информаираше и ТВМ. Веќе 20-ти ден, спиеме со отворена врата, ставаме фрижидери на скалите за да сме побезбедни во текот на ноќта, раскажува Узуноски. Додава оти повеќе од  очигледно е дека сопственикот на долниот кат, прави што сака.

„Дворот е заеднички, а тој дојде и ја откорна дворната врата. Кога сака доаѓа тука и постојано не вознемирува“-раскажува Узуноски.

И по ваквата ситуиација надлежните со прст не мрднаа, вели соговорникот. Револтирани се на бавната интервенција на полициската станица во Струга.

Во моментов не сум во добра здравствена состојба за овој проблем да се пожалам и  до повискотите  институции. За скоро време ќе ја информирам и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за тоа како овде работат претпоставените.

{loadposition content9}