Skip to main content

Центар за развој на Југозападниот плански регион

Проектни концепти за подобар живот

Интерес има да се подобри комуналната и патната инфраструктура, пречистување на отпадни води, опремување на центри за децата со посебни потреби, но и предлози за намалување на ефектите од енергетската криза. За оваа намена предвидени се 55 милиони денари од националниот буџет.
 |  Валентина Неловска  | 

Општините од Југозападниот плански регион започнаа со подготовки на проектни концепти за подобрување на животот и услугите на граѓаните, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Центарот со дел од нив ќе аплицира за искористување на средства од националниот буџет и од странски донатори. 50 тина претставници од општините од регионот, од бизнис секторот, невладиниот сектор , образование и други поединици учествуваа на првиот форум каде што беа презентирани проблеми и се предлагаа решенија. Интерес има за да се подобри комуналната и патната инфрструктура, за пречистување на отпадни води, поставување на канализација, опремување на центри за децата со посебни потреби, креирање на региоанален туристички пакет, но и предлози за справување со енергетската криза, напоменува Лозаноска.

forum

„Најмногу се предлагаа проекти за јавните објекти и институции за поставување на фотоволтаични централи за производство на електрична енегија. Сега, со новиот Правилник е зголемено производството на струја за јавните институции од 20 на 40 кв, во тој дел на искористување на обновливите извори, најмногу беа за фотоволтаични централи. За јавните објекти, пак мерките се однесуваа за реконструкција со замена на прозорци, термофасади, реконструкција на кровови, изолации на под и ѕидови за да се намали потрошувачката на енергија.“

форум


На првата форум сесија организирана од Центарот за развој на Југозападниот плански регион беа идентифукивани неколку области за којшто ќе се изработат апликации . Најприоритетните ќе бидат избрани со гласање од Регионалниот совет. Листата со приоритетни проекти треба да заврши до крајот на оваа година, а за добивање средства ќе се конкурира во февруари, идната година. Од година во година расте заинтересираноста за учество на овие форуми , вели Лозаноска.

„Интересот е голем за учество. Кај нас беше традиција пред да се донесе Правилникот за организација на форуми, организиравме планирачки работни тела на истиот начин се идентифукуваа проблеми и се предлагаа решенија. Врз тоа креиравме годишна листа на приоритети со кои аплициравме и кај Бирото за регионален развој , но и кај други институции , министерства и странски донатори“.


Југозападниот плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален рамномерен развој со двегодишни програми за периодот 2023 /2024 година . Во програмите предвидени се 55 милиони денари за проекти од областа на туризмот и култура, образование и социјална сфера, комунална и локална инфраструктура, животната средина.