Промоција на новата ИПА Програма за прекугранична соработка
Р. Македонија и Р. Албанија постигнаа одличен напредок со реализација на проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка, во сите области, истакна Министерот за Локална Самоуправа. Ова министерство искористило дури 80% од фондовите на ИПА програмата, тврди министерот Лирим Шабани.
Денес во Струга беше промовирана новата ИПА програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р Албанија 2014-2020. Оваа програма во суштина е продолжување на претходната ИПА програма а целта е да се стимулира повеќе избалансиран, инклузивен и одржлив социо-економски развој на прекуграничната област. Министерот за Локална Самоуправа Лирим Шабани, вели дека досега со вакви проекти се постигнала успешна соработка помеѓу двете земји, бидејќи биле реализирани 50 проекти во вредност од над 7 милиони евра. Тој воедно ги охрабрува сите субјекти од двете страни да аплицираат со поквалитени програми со цел да се исполни програмата.
„Верувам дека вредноста на новата програма ќе биде околу 12 милиони евра кои што ќе се имплементираат од 2014 до 2020. Области во кои ќе може да се аплицира се туризам екологија, културата, инвестициите, пораст на конкуренцијата, инфраструктура“ – вели министерот Шабани.
Министерката за Евро Интеграции од Р. Албанија Кладја Гјоша, рече дека се надеваат оти со новата програма сите фондови ќе бидат искористени максимално од страна на Македонија и Албанија, за подобар живот на граѓаните но и за подобар стандард на двете земји како оној од Европската Унија.
„Ова е многу битен момент, затоа не треба да заборавиме дека им се помага на тие зони кои што немаат добри инвестиции. Затоа Европската Унија се фокусира во овие прекугранични области за да помогне не само во развојот на инфраструктурата и не само инвестиции од областа на туризмот, средина, култура, историја на овие две земји, тоа е фонд кој се става на располагање за отварање што поголем број работни места за луѓето кои живеат блиску до границата на двете земји“ – нагласи Гјоша.
Претставникот на ЕУ во Тирана Клив Румболд одлично ја оценува соработката помеѓу двете земји. Тој нагласи дека има во таа прекугранична соработка имаат и конкретни резултати од проектите посебно за локалните бизниси и културните проекти за соработка со граѓаните. Новата ИПА програма се фокусира на три тематски приоритети, поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, подобрување на конкурентноста, економијата и инвестициите како и заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик.
{loadposition content9}