Skip to main content

Промовиран проектот „Зајакнување на капацитетите на Комисијата за односи меѓу заедниците“

Невладината  „Еврофорум“, под менторство на Локалната агенција за развој од Струга го промовира проектот „Зајакнување на капацитетите на Комисијата за односи меѓу заедниците“. На промоцијата на проектот присуствуваше висока делегација од Програмата за развој на Обединетите Нации предводена од Алесандро Фракасети.

 |  Крсте Голабовски  | 
sostanok
sostanok
Невладината  „Еврофорум“, под менторство на Локалната агенција за развој од Струга го промовира проектот „Зајакнување на капацитетите на Комисијата за односи меѓу заедниците“. На промоцијата на проектот присуствуваше висока делегација од Програмата за развој на Обединетите Нации предводена од Алесандро Фракасети.

Колку добро функционираат Комисиите за односи меѓу заедниците во мултиетничките заедници? Невладината  „Еврофорум“, под менторство на Локалната агенција за развој од Струга, промовира проект за зајакнување на капацитетите на Комисијата за односи меѓу заедниците во вој град. Алесандро Фракасети – заменик на постојаниот претставник на UNDP во земјава, ја искажа поддршката кон работата на комисијата и изрази задоволство од начинот на кој таа се справува со предизвиците.

alesandro„Импресиниоран сум од начинот на кој луѓето разговараат за се во вашата општина. Ние ја подржуваме општината и сите структури во рамките на општината и она штот реба да се знае за Струга е дека е едно навистина убаво место богато во својата разновидност, која понатаму треба да се вреднува и негува“ објасни Фракасети.

За жал работата на комисијата не секаде оди онака како што треба и потребна е соработка помеѓу комисијата и другите засегнати страни како невладините организации за таа комисија да почне да работи на начинот на кој е предвидена, вели Дамир Незири од невладината Еврофорум.

„Организациите веќе подолго време се занимаваат со работата на комисиите на зедниците, тоа се работи кои нас како граѓани на овие општини секојдневно не допираат и сметам дека без разлика дали некој не набљудува тоа е наша обврска како граѓани“ додаде Незири.

Во рамките на проектот ќе биде изработен прирачник за работа кој нема да и служи само на комисијата туку на некој начин ќе ја приближи комисијата на граѓаните. Оваа комисија е една од најважните и се формира во општините каде има 20% членови од немнозинските заедници и гарантира вклучување на немнозинските заедници во порцесите на носење на одлуки.



{loadposition content9}