Промовиран видео запис на народната песна „Јаворе“ од Викторија Чочороска
На музичката сцена ова е нејзин прв проект и плод на соработката сo композиторот Николче Мицевски. Спотот беше промовиран во Вевчани од каде што потекнува Чочоровска.
Викторија Чочорoска на музичката сцена се појави со прв видео запис на старата македонска народна песна „ Јаворе“. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната изработен од Дарио Јанковиќ и General film production. Станува збор за народна песна која започнала да ја пее на настапите во Литванија и Полска со КУД Вевчани и пејачката група Каданка. Случјанат срдба со композиторт Николче Мицевски прераснала во соработка од која резулата е песната Јаворе која го одсликува нејзиниот сензибилитет.
„ Кога прв пат го слушнав аранжманот останав без коментар. Точно ме имаше опишано мене преку аранжманот.Moјот дух , точно бев јас во песната“ , вели младата талентирана пејачка.
На музичката сцена ова е прв проект и плод на соработка со композиторот Николче Мицевски. Нејзините пејачки квалитети прв пат ги забележал во песната „Нешто ќе те питам бабо“ од Некст тајм каде што Чочороска била придружен женски вокал . Мицевски со задоволство ја прифатил соработката со Чочороска. Уште прв пат кога ја слушнав Викторија како ја пее песната Јаворе, од срце ,посакав таа прекрасна македонска песна да блесне во нов сјај и исклучиво во нејзина изведба и мислам дека заедно успеавме во намерата, кажува Мицевски.
„ Во иднина сакам да го искористи талентот што и е даден од Бога, а од друга страна квалитетот не е само талентот туку резултат на нејзината долгогодишна работа на себе, надградба, школување. Заслужува што повеќе да го претстави тоа што може, а јас сум тука да бидеме за неа со задоволство“, изјави Мицевски.
Викторија Чочороска дипломирала на музичката академија во Скопје.Работи како професор по соло пеење во средното музичко училиште во Струга. Кариерат и почнува како соло изведувач во КУД “Дримкол” од Вевчани, каде што и денес е активен член во пејачката група Каданка. Неодамна објавија и музичко ЦД на стари традиционални песни. Музиката со силен ентузијазам им ја пренесува на многу млади деца на креативни музички работилници.
Од нејзините досегашни ангажмани се издвојуваат соло настапите и концертите во рамки на Вевчанско културно лето, ликовната колонија ,,Вевчански видувања,, соло изведби за театарски претстави. Успешна соработка има и со групата Некст Тајм, а соработува и концертира со дуото Даутовски.