Skip to main content

Промовирани торбешката декларација и повелба

Торбешката популација во Македонија ги исполнува сите предуслови за малцински статус.

 |  Билјана Николоска  | 
Торбешите во Македонија бараат институциноално да бидат регулирани нивните права. Денес во организација на Торбешкиот Културно-Научен центар, Румелија какои и Партијата за европски интеграции, ПЕИ, промовирани торбешката декларација и повелба. Генералниот секретар на ПЕИ како и основачот на Румелија, Мехмед Џемајлоски вели дека од оваа партија стојат зад сите активности од Културно-Научниот центар, Румелија. Целта е една, торбешите во Македонија да ги уживаат истите права како останатите етнички заедници во земјава.


Претседателот на „Румелија“ Шериф Ајрединоски, вели дека целта на денешната средба на која беа промовирани декларацијата и повелбата, е и малку поголема промоција на етногенезата на торбешкото малцинство во светот. Ајрединоски вели дека во повелбата преку седумте точки се покажува што оваа малцинска заедница бара од својата држава.

Ајрединоски, потенцира дека интенцијата не е да се делиме од останатите, туку едноставно да ја афирмираме нашата култура и историја. Да се запознаат останатите со нашето културно историско минато, нашето културно творештво и се она преку кое се идентификуваме како народ. Ајрединоски додава, дека преку институционална афирмација, нема да се дозволи торбешите како народ да бидат асимилирани или оставени на маргините.