Пронајдена фурна од римски период
Пронајдена фурна од римски период во село Октиси-струшко.
фурна
Добро сочуваниот наод, ќе биде соодветно заштитен а ќе се презентира во текот на оваа година. Локацијата каде се наоѓа фурната ќе прерасне во атракција интересна за посетување.
Пронајдена фурна од римски период. Ова е најновиот наод кој при истражувањата го пронајде тимот на струшкиот музеј „Никола Незлобински“. Добро сочуваната фурна е откиена во село Октиси струшко, во близина на црквата СВ.Анастасиј. Стручните лица проценуваат оти фурната највероватно е користена во средниот римски период. Истата е пронајдена по пријава на жителите од селото Октиси.
Иако струшкиот регион е познат по богатите подземни откритија сепак ваков наод досега не бил откриен.

Иако досегашната пракса била, штом се завршат сите истражувања, локалитетот да се врати во првобитна состојба но во овој случаj, тоа нема да биде така. Директорот не информираше дека фурната во моментов е заштитена и во план е истата да биде санирана.
Фурната во Село Октиси ќе добие своето место, бидејќи се наоѓа во близина на црквата, локација, каде во римскиот период имало поинтензивен живот. Новото откритие на струшкиот музеј ќе биде јавно презентирано во текот на оваа година, не информира директорот. Од музејот се надеваат дека ова откритие ќе пројави интерес кај граѓаните и со тоа ќе прерасне во атракција, интересна за посетување.
{loadposition content9}