Skip to main content

СВР Охрид

Пронајдени 100 куршуми кај лице од Дебар

Дебарчанец приведен за нелегално поседување муниција.
 |  инфодеск  | 
муниција за сигнален пиштол
На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар.
При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген” со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.