Пропадна проектот за „Бизнис Трговска Зона“ во Струга
Граѓаните велат ова е уште едно празно ветување на актуелниот градоначалник.
трибинa

Современата „Бизнис Зона“ само празно ветување. Идеата стара 3 години која градоначалиникот Рамиз Мерко постојано ја промовираше во јавноста остана не реализирана. Со проектот се предвидуваше десната страна на кејот на Дрим да биде уредена на современ начин, со средени паркови, осветлени улици и трендовски клупи за седење.Тогаш граѓаните ја прифатија идеата и се согласија да го подржат проектот, но денес речиси и да не се сеќаваат на овие како што велат празни и лажни ветувања на градоначалникот. Архитектот Беким Кица кој повеќе од половина ден го поминува во својата канцеларија, која се наѓа на овој потег, вели дека секоја инвестиција во градот е добредојдена. Треба локалната вешто да ги користи а не да ги пропушта донации, вели Кица.
Со „Бизнис трговската зона“ се предвидуваше потегот од мостот на поезијата па се до медицински центар да биде уреден и улицата да биде поплочена, затворена за сообраќај. За реализација на овој проект беа предвидени околу 100 илјади евра. УСАИД нудеше 60, додека останатите пари тогаш вети дека ќе ги обезбеди општината.
Од локалната самоуправа велат дека проектот не се реализирал поради оспореното носење на урбанистичкиот план на овој дел од градот како и сообраќајната студија за него.
Останува прашањето зошто градоначалникот ветуваше дека ќе направи „Бизнис Трговска Зона“ кога претходно за тоа немаше обезбедено урбанистички план како и документација за сообраќајна студија за тој дел градот.

{loadposition content9}