Протуѓер ќе лобира за Струга
Шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски деновиве во посета на Струга. Главна цел на посетата на Мартин Протуѓер беше средба со градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како и состанок со ОК на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ.
Градоначалникот Мерко средбата ја оцени како мошне значајна за градот, бидејќи се разговарало на многу теми кои се од заеднички интерес, како на локално, така и на централно ниво, а вооедно се отворила можност за соработка плус, која се состои во финансиска поддршка на проекти потпомогнати од централната власт.
Мерко верува дека сега, откако на Протуѓер во целост му се јасни проблемите со кои се соочува локалната од Струга, тој ќе делува над дел од министерствата со кои општината има мала соработка.
Градоначалникот на Струга рече дека, секретарите на двете владеачки коалициони опции можат да делуваат многу во подобрувањето на состојбите во општина Струга. Тој додаде дека тоа би се исполнило само со добра соработка на локално ниво, која веќе е воспоставена. Остануваат уште многу заеднички нерешени работи, за кои, Мерко верува дека во најбрз можен рок ќе се остварат.
{loadposition content9}