Skip to main content

Прва ДМ дрогерија во Струга

На едно место купувачите ќе уживаат во квалитетот на четиринаесет илјади производи. Купувачите ќе може д а го почуствуваат мотото на компанијата „Тука сум човек тука купувам“. Во следните три дена ќе има големи попусти на производите.
 |  инфодеск  | 
Дм маркет

Се отвори ДМ дрогерија и во Струга. Ова е 22 та филијала во земјава за десет години од нивното присуство на Македонскиот пазар со богат асортиман на производи.

Од компанијата се горди затоа што од денес брендот е поблиску до стружани, Дрогеријата ДМ е општествено одговорна компанија која помага на заедницата, а исклучок нема да биде ни градот Струга.

„Традиционално помагаме на секое локално отворење во градот или населбите. Помагаме на најранливата категорија граѓани или онаму каде што тоа е потребно. Овде се одлучивме да помогнеме на ОУ Јосип Броз Тито во Струга. Внатрешен инвентар кој е потребен за децата кои учат таму“, вели Милановиќ, регионален менаџер на продажба.

Ристе Мачоски, раководителот на филијата на ДМ дрогерија во Струга, ги повикува своите сограѓани да го пробаат квалитетот на производите од ланецот маркети ДМ, меѓу кои се производите од органска храна и сончева козметика.

За услугата на купувачите ќе се грижат 10 мина продавачи, а граѓаните ќе може да го почустуваат и мотото на компанијата „Тука сум човек тука купувам“.

„Тоа е нашето мото кое ние го чувствуваме и го пренесуваме на купувачите. Нека дојдат да не посетат и сами да се уверат во тоа“, тврди Мачоски.

Вработените се посебно горди што се дел од тимот на компанијата ДМ маркети каде што купувачите на едно место може да најдат се.

Филијалата во Струга се наоѓа на улицата Маршал Тито, веднаш после градскиот пазар. Дрогеријата се протега на 322 метри квадратни, а располга со асортиман од 14.000 производи. Од нив 4000 артикли припаѓаат на марката ДМ .