Skip to main content

Први на удар фирмите

Започна присилна наплата за радиодифузна такса.

 |  Тања Маленкова  | 
MRT
МРТ

tocak pred MRTПредупредувањата на адвокатите се остварија. Започна присилната наплата од граѓаните за радиодифузна такса. Први на удар фимите.Судските извршители ги превзедоа работите во свои раце, започнувајки со реализација на решенијата доставени на 18 мај 2009 год. Граѓаните револтирани што присилно им се олеснети сметките за 8 и пол ијади денари. Оваа сума е минимална и се однесува за фирми кои имаат до 20 вработени, додека  за оние со повеќе вработени сумата е поголема.  Револтот се зголемува поради фактот што парите се земени без претходно фирмите да бидат тужени поради неплаќање на обврската. Но во доставените решенија од страна на јавното претпријатие МРТ јасно е наведено дека ова решение има карактер на извршна исправа, а наплатата се врши согласно законот за извршување.
Со присилната наплата по ова решение, не се согласува јавниот правобранител и опоменува дека без донесено судско решение нема основа да се бара наплата, а уште помалку присилно да им се одземаат пари. Од таму уште и укажуваат дека е неопходно да се има предвид и рокот на застареност на долгот по кој рок не може да се преземаат мерки за присилна наплата.
Јавниот правобранител уште една грешка глада во ненавременото доставување на сметките од страна на Македонската телевизија. На проблемот со сметките реагираат и експертите кои велат дека јавниот сервис го крши законот, затоа што граѓаните имаат право да плаќаат на 12 еднакви рати,а не да им се бара да платат одеднаш за 15 изминати месеци.
Инаку потсетуваме дека МРТ три години нема систем на наплата. Последен пат давачката се плаќаше преку сметките за струја, но тоа испадна дека не е ефикасно и беше стопирано.За тоа време се финансираше од буџетот на државата, со што, според експертите, наместо сервис на граѓаните стана сервис на владејачката партија.
{loadposition content9}