ПСУ Јахја Кемал објавува конкурс за стипендии
ПСУ „Јахја Кемал“ објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование.
Можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната https://www.ykc.edu.mk/scholarship, рокот за пријавување е до 08.04.2023 година.
На тестирањето за стипендија:
● Ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата.
●Тестирањето за стипендија ќе се полага на Македонски, Албански, Турски и Англиски јазик.
● За тестирањето не е задолжително познавање на Англискиот и Турскиот јазик.
●Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината (секое училиште посебно Скопје, Тетово-Боговиње и Струга имаат по два стипендиски региони), според долунаведеното.
1. место 100%, 4. место 70%, 10-13место 40%,
2. место 90%, 5-6место 60%, 14-19место 30%,
3. место 80%, 7-9место 50%, 20-25 место 20%.

Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 09.04.2023 во недела во 11.00 часот.
За ПСУ „Јахја Кемал”-Скопје ќе се полага во самото училиште и во ООУ „11 Октомври“-Куманово, ООУ „Ванчо Прке“-Штип, ООУ „Блаже Коневски“-Велес и ООУ „Видео Подгорец“-Струмица.
За ПСУ „Јахја Кемал”-Тетово-Боговиње ќе се полага во самото училиште и во ООУ „Исмаил Ќемали“-Гостивар.
За ПСУ „Јахја Кемал”-Струга ќе се полага во самото училиште и во ООУ„Кочо Рацин“-Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“-Битола, ООУ „Санде Штерјоски“-Кичево и ООУ „Пенестија“-Дебар, информираат од Колеџот „Јахја Кемал“.



