Skip to main content

Пуштен во употреба патот во село Мислешево

Министерот за Транспорт и врски Миле Јанакиевски, на денот на ослободувањето на Струга, го пушти во употреба локаниот пат на кој жителите од Мислешево чекаат повеќе од пет години.

 |  Крсте Голабовски  | 
Misleshevo
Мислешево

Оправдан отимизмот на жителите на струшкото село Мислешево. После пет години чекање конечно пуштен во употреба локалниот пат, од центарот на селото, па се до магистралниот пат М-4. Радоста кај жителите од селото огромна.

Жителите од ова село, години наназат се справуваа со бројни проблеми кои се однесуваат на сообраќајната инфраструктура. Улиците со години беа во катастрофална состојба, а селаните  приморани секојдневно да трпат оштетувања на нивните автомобили. Претседателот на месната зедница од ова село, Бране Дамјаноски вели дека иако беа потребни речиси 5 години, конечно дојде денот кога се реализира изградбата на овој пат, кој за селаните живот значи. Дамјаноски додаде дека, не застануваат тука, сега на ред е реализацијата на  втората фаза од проектот, со кој ќе се комплетираат патиштата во ова село.

„Следно имаме уште еден пат кон Еврохотел и доколку временските услови дозволат, ќе биде асфалтирана и делницата од Мислешево до хотелот во должина од 900 метри.“ додаде Дамјаноски.

Министерот на Транспорт и врски, Миле Јанакиевски, истакна дека станува збор за реализација на дел од проект, кој ќе трае до 2012 година, до кога се планира да бидат завршени сите 200 локлани патишта, за околу 200 населени места.

Самиот пат е во должина од 1,4 километри, додека средствата за реализација на проектот се во висина од 200.000 евра. Истите инаку  се обезбедени преку Светската банка. За решавање на комуналните проблеми во ова исто село, од општина Струга велат дека се изготвени 6 проекти додека во фаза на изготвување се уште шест.

{loadposition content9}