Skip to main content

ОВР Струга

Пуштени во оптек фалсификувани евра во Струга

Во ОВР Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра.
 |  инфодеск  | 
Црн Дрим Струга
На 24-ти септември 2021 година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра.
Според пријавеното, во трите обложувалници, во периодот од 21:00 до 21:30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираат од МВР.