Skip to main content

Олеснет проток на стока и патници

Пуштен во употреба концептот „Оne Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане

Се олеснува работата на 11 илјади компании од земјава кои тргуваат со други држави и полесен пристап до туристичките места во двете земји, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
 |  инфодеск  |  ,
Kjafasan

Започна концептот  „Оne-stop shop“ на граничниот премин  Ќафасан – Ќафтане . Од денес е воспоставен  едношалтерски  систем за заеднички контроли од македонска и албанска страна. Граничните формалности  со едно  застанување, според владите на двете земји  ќе значат олеснување на трговијата, транспортот и протокот на патници.

Се олеснува работата на 11 илјади компании од земјава кои тргуваат со други држави и полесен пристап до туристичките места во двете земји, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Нема достапен опис.

„Денес овозможуваме побрз проток помеѓу нашите граѓани и двете држави, побрз проток на компаниите кои транспортираат производи на најголемиот  граничен премин помеѓу двете држави.Овозможувањето на  проток на луѓе и капитал истовремено ги зголемува и врските помеѓу луѓето и комуникацијата“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Нема достапен опис.

„Се надевам дека ова само еден чекор кон тоа што вие го велите надминување на сите административни пречки на границите помеѓу сите наши земји во регионот “, рече првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

На Балканот не му требаат граници, рече премиерот Ковачевски, кој за  следните пет години ја најави изградбата на  Коридорот 8, проектот железничка пруга од Кичево до Лин и изградба на суво пристаниште во Струга.

Новинар Соња Рилковска