Skip to main content

Рамазан Бајрам, месец на добрина, милост, љубов и простување

Светиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга, Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед.

 |  Валентина Нелоска  | 
dzamija
џамија

dzamijaСветиот месец Рамазан е муслимански празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга, Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли и дела вели охридскиот муфтија Африм Џелали од муфтиството на Али Пашината џамија. Муфтијата Џелили ја објаснува смислата на постот кој почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Во текот на постот верниците духовнo и телесно се прочистуваат. Јадење и пиење е дозволено во текот на ноќта. По триесетдневниот пост, следува тридневен Рамазански бајрам.   

dzamijaРамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена. Охридскиот муфтија Џелили по повод Рамазан Бајрам испрати порака до верниците, но и до останатите луѓе да бидат радосни и весели во текот на верскиот празник.
Верниците  од муслиманската вероисповед за време на Фитар Бајрам  меѓусебно се посетуваат, на трпезата ја има задолжителната баклава, а верниците се горди ако во посета им дојдат и пријатели од друга религиска вероисповед, нагласува охридскиот муфтија Африм Џелили.  Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

{loadposition content9}