Skip to main content

Рамиз Мерко на црната листа на САД

Рамиз Мерко е неподобен за влез во САД, стои во соопштението од Стејт департментот.
 |  инфодеск  | 
Рамиз Мерко

САД го означуваат градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како неподобен за влез во САД поради неговата вклученост во значајна корупција, соопшти Стејт Департментот.

Од Стејт департментот во соопштението велат дека Мерко, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата на македонската јавност во демократските институции и функционери.

Ова е отворена порака на САД до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските иnституции и владењење на правото. Со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата, се вели во изјавата.Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите полнолетни деца на Мерко.