Skip to main content

Растат педофилијата, насилството и сексуaлна злоупотреба врз децата

Резултатите од спроведените истражувања и податоците од Сос телефонот за деца и млади од Првата детска амбасада во светот Меѓаши покажуваат алармирачки проблеми со кои се соочуваат македонските деца.

 |  Валентина Неловска  | 
solza
солза

Резултатите од спроведените истражувања и податоците од Сос телефонот за деца и млади од Првата детска амбасада во светот Меѓаши покажуваат алармирачки проблеми со кои се соочуваат македонските деца.

Megjashi

Најалармантно е физичкото насилство во средните  училишта .Сос телефонот покажува дека е двојно поголемио во псредба со лани.  Во пораст се и педофилијата, и  сексулна злопуотреба на децата нагласува Драги Змијанац, директорот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Змијанац  потенцира дека недостасуваат превентивни активности на државните институции. Мобилизацијата треба да биде во интерес на заштитата на правата на децата. Клучната улога при тоа им се припишува на семејството и  на училиштата. Родителите треба  да разговараат со своите деца, а педагозите и социјолозите во училштата треб ада ги запознаваат учениците со нивните права во несакани ситуации. Да знаат каде да пријават, а при тоа  да не бидат стигматизирани од околината. Максимално да б идат заштитени од судството,полицијата и центрите за социјлани работи истакнува Змијанац.

Денес се одбележува светскиот ден за превенција од злоупотреба на децата. Овој ден ги потсетува возрасните дека децата како ранлива категорија имаат потреба од посебна грижа и помош од нив. Првата детска амбасада во светот Меѓаши од спроведените истражувања во 2009 година врз 2234 ученици на возраст од 10 до 18 години располага со сознанија дека голем број од децата се дискриминирани. Генерален заклучок е дека над 70 посто од децата  на школска возраст не ги знаат своите права. 41,6 посто од децата потврдиле дека биле удрени во семејството, а 57 посто од децата познаваат други деца кои биле удрени од на старна на професор во училиште. На Сос телефонот дури 48,3 посто од пријавите се однесувале на сексуална и психичка злоупотреба  и насилство врз децата.

 {loadposition content9}