Расте бројот на социјални случаи во струшко
Пандемијата дополнително ги осиромаши најзагрозените категории граѓани. По струшката чаршија се поеста глетка е питачењето. Надлежните велат дека лицата кои питачат доаѓаат од други градови.
Расте бројот на социјално загрозенени во струшко. Моментално во Центарот за социјални работи евидентирани се 400 ранливи граѓани од Струга и Вевчани.
Ковид пандемијата придонесе за пораст на бројот на сиромашни во однос на минатите години, причина е тоа што дел од граѓаните останале без основните приходи за егзистенција.
„Бројот на социјално загрозени домаќинства бидејќи станува збор за варијабилна бројка изнесува околу 400 корисници. Споредбено со минатите години во 2020 и 2021 година имаме благ пораст на корисници кој се должи пред се` на состојбата односно на пандемијата Ковид 19“, вели Мевмед халили директор на Центарот за социјални работи Струга.
Расте бројот и на питачи по струшките улици. Во изминативе три месеци, полицијата затекна и казни 10 лица кои питачеле, меѓу нив имало и малолетни деца.
„Од почетокот на годинава до денеска на подрачјето на Струга извршени се десет конторли и затекнати се десет лица кои вршат питачење во центарлното градско подрачје. Во текот на минатат гоидна реализран се 28 акциски котнроли и затекнати се 30 лица ко што вршат питачење. Голем дел од питачите се и од други градови“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Питачи има и од други градови , кои престојуваат кај приватни станоиздавачи во Струга без легално да бидат пријавени. Прекршочни пријави за вакво дело заработија пет станоиздавачи од Струга. Во една соба се сместувале и по десет лица. Казната за лицата кои што се затекнати при питачеење изнесува од 15 до 50 евра.