Расте малолетничката деликвенција
Психолозите, педагозите и социолозите од сите основни и средни училишта во Струга со СВР Охрид остварија работна средба. Малолетничката деликвенција во заедницата беше темата на која се дискутираше.
деликвенти
Психолозите, педагозите и социолозите од сите основни и средни училишта во Струга со СВР Охрид остварија работна средба. Малолетничката деликвенција во заедницата беше темата на која се дискутираше. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски рече дека на оваа проблематика заедно со сите институции кои се директно или индиректно поврзани се работи од неколку аспекти. Еден од главните аспекти е осознавањето и преземањето мерки за превенција на малолетничката деликвенција вели Димоски. Според директорот на Центарот за социјални грижи Мугни Далипи деликвенција претставува малолетничка правда. Вели дека за овие случаи одговорноста е на Центарот, што како постапка ја пријавува обвинителството или полицијата. Таа е многу изразена во последно време. Од Државниот просветен инспекторат Митре Шуминоски, вели дека немаат податоци од Струшките училишта за негативностите на малолетничката деликвенција. Во текот на минатата година СВР Охрид преку одделението за превенција, низ сите образовни институции во Струга, го спроведе проектот „Малолетничката деликвенција и насилството кај младите“ како обид за превенирање на насилството, криминогеното и девијантното однесување кај младата популациај. Во 2009-та година од 127 Кривични дела во Струга учествувале 36 малолетници за разлика од 2008 година каде бројот на кривични дела е 131, но учеството на малолетниците во истите е помал односно 34.
{loadposition content9}
{loadposition content9}