Skip to main content

Различни ставови за исправноста на водата за пиење во Струга

Различни ставови за исправноста на водата за пиење во Струга.

 |  Валентина Неловска  | 
proakva

Во Струга водата за пиење денес е исправна, тврдат од ЈП Пораква Струга. Оваа информација стигнува  по издадената наредба на Агенцијата за храна стружани да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод, а врз основа на анализите на водата од Центарот за јавно здравје дека изминатиов викенд во струшката водоводна мрежа се откриени бактерии. Иако системот два дена останал без хлор,  веќе  од петокот хлорот е набавен и системот за водоснабдување се хлорира, тврди Аднан  Речи раководител за исправноста на водата за пиење во струшка Проаква.

вода„Им препорачуваме да пијат и да ја употребуваат водата слободно. Се презедоа сите мерки за употреба. Оваа вода е од изворот од Горна Белица од 1500 м надморска висина  и е многу  квалитетна и граѓаните да пијат и да ја употребуваат“, тврди Речи.

  
Од Центарот за јавно здравје информираат дека утрово зеле нови мостри за испитување на водата. Од Центарот како и  инспекторите од Агенцијата за храна  повикуваат на претпазливост при употребата на вода од водоводната мрежа се до утре кога се очекуваат   резулатите од денешната анализа  на водата за пиење.
Во  меѓувреме во продавниците  е зголемена потрошувачката на вода за пиење во шишиња. Оние кои купуваат вода за пиење зад камера коментираат дека греота е на оваа сиромаштија луѓето уште да купуваат  и  вода за пиење. Има некои граѓани кои не веруваат дека  водата не е добра за пиење.           

водаГенералниот директор на МЈП Проаква, Томе Паскалоски, се оградува од актуелниот проблем. Кратко за ТВМ информираше дека целосното одржување на водоводната мрежа во Струга е обврска на струшка Проаква. Од Прокава Струга пак  за настанатиот проблем со појавата на бактерии во водата за пиење кажуваат дека  истото се случило бидејќи не успеале навреме да набават  хлор.

„ Документот што е даден од Ценатрот за јавно здравје дека има бактерии е точно,  два дена водата  немаше хлор. Ние интервениравме, донесовме хлор во системот од петокот и сега има хлор во водтата. Немаше во тие два дена поради недоразбирање меѓу Охрид и Струга и ненавременото неплаќање во Скопје“, кажува раководителот  Речи.

Аднан Речи тврди дека овој  проблем со појава на бактерии во водата за пиење заради недостаток од  хлор им се јавува прв пат. Додава дека во меѓувреме е набавен хлор за употреба за следните два месеци.