Разликите се наша предност
И попот и оџата кажуваат дека треба да живееме заеднички во слога. Верата луѓето ги соединува, а во секоја вероисповед доминираат љубовта и разумот. Денес во Вевчани отпочна реализација на проектот „Разликите се наша предност“, односно неговата прва фаза, која се состои од посета на црква сместена во рурална средина која е етнички чиста. Децата одлично впиваат и трезвено размислуваат кога е во прашање верата, рече Драгица Павлеска Попеска претседателот на здружението „Езерка“.
Свештеникот Зоран Попоски од Вевчани, имаше свое предавање пред децата. Тој потенцира дека денес живееме во една мултиетничка држава, во која што многу нешта зависат од религијата. Попоски рече дека целта на неговото предавање била да се видат сличностите и разликите на религиозна основа, бидејќи според него во разните религии постојат помалку разлики, а повеќе сличности.
Претседастелот на здружението „Толеранца“ Башким Мислими, рече дека денес се побогати со знаење. Тој изрази посебно задоволство од денешната посета на Вевчани.
И децата од руралните средини вклучени во проектот во целост ја сватија порката дека верата е поле кое соединува и дека не е на одмет да се осознае секоја вероисповед.
Местоположбата на Вевчани е прекрасна и изобилува со бројни природни реткости кои човек го оставаат без здив. Едно од тие места беше и угостителскиот објект на самиот влез на познатите вевчански извори, каде после кафе муабетот екипата на ТВМ стана почесен член на држава Вевчани со патна исправа „Вевчански пасош“.
{loadposition content9}