Skip to main content

Реакции на ДПА за вработувањата

Бараат да се поништи огласот и еден од основните критериуми да биде задолжително познавање на албански јазик.

 |  Билјана Колоска  | 
лого
logo
Бараат да се поништи огласот и еден од основните критериуми да биде задолжително познавање на албански јазик.

За партиските вработувања во Локалната Самоуправа во Струга денес се огласија од огранок на ДПА. Од таму велат дека ДУИ и градоначалникот Рамиз Мерко се марионетки на Вмро Дпмне, односно прават се што ќе им наложи нивниот коалиционен партнер.
„Сакаат раководител на Секторот за урбанизам да биде кадар на Вмро Дпмне во време кога архитекти албанци талкаат по улиците невработени“-истакна претседателот на ДПА во Струга, Зиадин Села.
Покрај овие забелешки, од ДПА реагираат зошто во огласот за вработување на државни службеници во Општина Струга, меѓу другите критериуми не се барало и познавање на албанскиот јазик.
„Вие се гордеевте што го донесовте законот за употреба на албанскиот јазик,  па нели сега дополнителен критериум за вработување да биде и познавањето на албанскиот јазик?-вели Села.
Од ДПА бараат да се поништи конкурсот и да се објави нов, каде што еден од основните услови ќе биде и задолжително познавање на албанскот јазик, бидеќи 57% од граѓаните во Струга се албанци, беше истакнато на денешната пресс конференција.
На средбата со новинарите, од оваа партија на маса го извадија и работењето на градоначалникот Мерко, за кое како што рекоа било повеќе од очекувано.
„ДУИ и градоначалникот Рамиз Мерко, албанците ги бараат  само кога ќе почувствувате опасност, а сега се потпирате на вмровците“-истакна Села.

{loadposition content9}