Skip to main content

Реакција на струшкиот огранок на ДПА

По повод неодамнешната изјава на заменик министерот за образование Линдита Ќазими дека во Струга има доволен простор за сите ученици, членството на оваа партија упати низа обвинување кон министерството за образование и комплетно до актуелната влада.

 |  Николовска Биљана  | 
По повод неодамнешната изјава на заменик министерот за образование Линдита Ќазими дека во Струга има доволен простор за сите ученици, членството на оваа партија упати низа обвинување кон министерството за образование и комплетно до актуелната влада.

Zijadin SelaАлбанските ученици не се примитивци. Апсурд е во 21 век, во една паралелка да учат 40 ученици. Ова се дел од обвинувањата на ДПА од Струга по повод неодамнешната изјава на заменик министерот за образование Линдита Ќазими дадена за весникот „Коха“. На денешниот прес во целост беше цитирана изјавата на Ќазими во која стои:

„Мислам дека во постоечкото училиште во Струга има доволен простор за сите ученици и потребата за изградба на нов објект е мала“. Од ДПА Струга сметаат дека немањето доволен простор за изведување на настава е главна причина за конфликната состојба која години наназад е проблем во Струшките средношколски центри. Од ДУИ побараа официјален став во врска со овој проблем.

Председателот на партијата ДУИ Зијадин Села, цела одговорност за конфликтите во средношколскиот систем во Струга, ја наметна на актуелната Влада. Тој вели дека и годинава се очекуваат немири за кои ДПА не сноси вина бидејќи во неколку наврати има упатено предупредувања.
ДПА од Струга, упати сугестија и до обвинителството, да го истражат случајот во Шумското Стопанство „Јабланица“ кое работи во состав на ЈП „Македонски шуми“. Таму примени се 9 лица меѓу кои ниту еден албанец, дали тоа зборува за пропорционална застапеност на албанците, кој што е еден од главните столбови на охридскиот договор прашуваат од ДПА.

{loadposition content9}