Skip to main content

Реизбор на претседатели на суд

Во тек е постапката за избор на прв човек на судската власт на Охрид и Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
sud
sud
Во Основниот суд во Охрид, за оваа позиција на конкурсот кој беше објавен на 13.10 годинава се пријавил само еден кандидат и тоа актуелниот претседател Владо Дејаноски. Најверојатно Дејаноски и наредните 4 години ќе управува со оваа институција. За разлика од Охрид каде што актуелниот претседател нема противкандидат, борбата за оваа позиција е жестока во соседна Струга. Досега на конкурсот пријавени се 5 кандидати, меѓу кои и актуелниот Ади Усеини. Најверојатно до крај на месец декември со точност ќе се знаат имињата на претеседателите  на Основниот суд во Охрид и Струга, бидејќи Судскиот совет во рок од два месеци треба да се произнесе и да донесе одлука.

{loadposition content9}