Денес ќе биде целосно завршена изградбата на реконструирана улица „Даскалој – Обиколница“ во Општина Вевчани.
Продолжуваме со реализација и изградба на локалните улици во Вевчани. Изградена е локалната улица „Даскалој – Обиколница“. Поради причини од техничка природа, на двата канали сеуште не е поставена решетка. Се замолуваат граѓаните кои ја користат оваа делница, да се воздржат од користење на истата во текот на викендот се до понеделник, кога изградбата ќе биде завршена во целост – информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочоски.