Започна реконструкцијата на магистралниот пат Подмолје–Струга–Ќафасан. За комплетна рехабилитација на оваа делница обезбедени се 7,9 милиони евра. Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта реконструкцијата ќе заврши за 15 месеци.
Јас можам да тврдам дека овој патен правец од 15 јули кога беше воведена работа на Илинден очекуваме и убеден сум дека за 15 месеци ќе биде целосно рехабилитиран, бидејки со искуството што го имаме со компанијата и другите делници каде што вршеше рехабилитација на време ги завршува проектите – изјави Ејуп Рустеми директор на ЈПДП.
Рустеми најави дека во понеделник ќе биде пуштен во употреба делот од автопатот Охрид-Кичево од Требеништа до Охрид, истото беше најавено за месец август.
Ако одиме сега таму ќе се види дека се работи на таа траса. Тие проблеми кои ги имавме административни ги решивме. Следниот понеделник целосно ќе биде пуштен во употреба Требеништа-Охрид. И временските околности имаа влијание на градежните работи – додаде Рустеми.
Автопатот Охрид-Кичево е клучната делница која ги поврзува двата туристички центри во земјава. Изградбата започна во 2014 година, а според планот требаше да заврши во 2018 година. Изградбата се пролонгира со години, според Рустеми новиот автопат ќе биде готов на крајот од 2023 година.
Новинар : Соња Рилковска