Skip to main content

Старо градско јадро

Реконструкција на улици во Струга

Од Општина Струга велат дека со реконструкцијата ќе се подобрат условите за сообраќај и движење на пешаците во овој дел од градот.
 |  инфодеск  | 
Реконструкција на улици во Струга

Општина Струга почна со реконструкција на улиците „27 март”, „Браќа Миладиновци“ и „Нико Нестор” во старото градско јадро.

Според предвиденото, општинската прес-служба информира дека најпрво ќе биде отстранета камената површина, ќе се постави нова водоводна инсталација, но и подземни кабли за електрична енергија и телекомуникациски услуги.

Површините ќе се изведуваат со камен и истовремено ќе се изврши замена на азбесните цевки на водоводот. Ќе се постави бетонска подлога и ќе се поплочи со камени блокови, карактеристични за старото градско јадро, информира Општина Струга.

Со реконструкцијата, додаваат, ќе се подобрат условите за сообраќај и движење на пешаците во овој дел од градот.

Реконструкцијата е дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а го реализира во соработка со Општина Струга.