Ресата во Црн Дрим, ѕирка над површината на реката
Доцни расчистувањето на ресата во реката Црн Дрим. Стружани реагираат дека на некои места се добива впечаток дека реката е претворена во бара. Тие апелираат надлежните да си ја завршат својата обврска бидејќи летото и првите гости веќе дојдоа во туристичка Струга.
Стужани не паметат дека на самиот почеток на летната туристичка сезона, ресите во реката Црн Дрим некогаш останале не покосени. Велат, дека на места, кејот на реката наликува на мочуриште и остава грда слика не само за граѓаните, туку и за туристите кои веќе масовно ја посетуваат туристичка Струга.
Расчистувањето на реката Црн Дрим од реси, секоја година го прават екипи од ХЕЦ „Глобочица“. Годинава малку се доцнело поради ладната зима и недоволно постигнатата висина на ресата во пролетниот период, кога досега ја сечеле, вели директорот на ХЕС „Црн Дрим“ Тони Маркоски. Годинава акцијата за расчистување ќе почне од понеделник 29 јуни, а ќе трае до 3 јули, кога и нивото на реката ќе биде спуштено на минимум.
Чистењето од долгата реса не е наша обврска, но , секоја година влегува во нашата програма за работа, вели директорот на хидроенергетскиот систем Црн Дрим, Тони Маркоски. Тој додаде дека тоа го прават во рамки на донесена декларација за општествена одговорност“
Инаку Маркоски категоричен, дека согласно Законот за води, општина Струга има обврска да го уредува коритото по течението на реката во урбаниот дел од градот. Тој информираше дека ЕЛЕМ како корисник на водата, на општина Струга и плаќа кирија од 1, 5% од производствто на електрична енергија.
Доцнењето со сечењето за ресите за некого е негативно, а за некого пак, позитивно. Емил Матоски појаснува дека ова му оди во прилог на рибниот фонд во овој речен ревир.
„Во тој период се мрестат најголемиот дел од топловодната риба и со спуштањето на нивото на реката икрата од рибите дури и малите рипчиња остануваа на суво и бадијала нашите напори да ја штитиме рибата кога во самиот зародиш се уништуваше огромен дел од икрата. Поплаката од граѓаните од една страна ја прифаќам бидејќи туристите сакаат да се капат во реката, сепак има места доволни за капење, но самата слика каде што се таложи ѓубрето на ресата остава грда слика за градот но ние треба сами да се запрашаме што бара тоа ѓубре во самата река, тоа го фрлиле луѓето“
Покрај ѓубрето кое што е наталожено на местата каде што ресата плива на површината, пред само два дена екологистите имаа уште една сериозна забелешка зчистење на Дримот.
„ На реката Црн Дрим, од шеесеттие години не е ставена една лопата за да се чисти од талогот. Бидејќи со кревање на водите на реката Дрим струшкото блато е натопено со вода. Значи од 60 сетите години никогаш не е исчистено коритото. Има 2 метри нов талог“
Инаку, реката Црн Дрим во овој период од годината се користи за капење и рекреација. Ресите кои што се пораснати и изглегуваат над површината на водата можат да ја загрозат безбедноста на капачите.
{loadposition content9}