Skip to main content

Реси го прекрија Црн Дрим

Пластични шишиња и најлонски кеси можат да се видат по нејзиното течение.

 |  Билјана Колоска  | 
реси

Пластични шишиња и најлонски кеси можат да се видат по нејзиното течение.

Реси и разни отпадоци ја прекрија реката Црн Дрим. До претходната година, пракса беше дримот да биде исчистен од реси најкасно до средината на јуни месец. Годинава ништо од чистењето, надлежните досега немаат превземено мерки.
Црн ДримЗасрамен од ваквата глетка, стружанецот Гоце Калајџиески, доброволно се нафати  да исчисти барем мал дел од реката. Иако нема соодветна опрема за да ги покоси ресите, вели ќе се потруди колку што може.

„И сами гледате на што личи Црн Дрим. Катастрофи! Незнам зошто надлежните годинава не превземаат акција за чистење“-вели стружанецот Гоце Калајџиески.

Досега, обврската за чистење на реката Црн Дрим од реси ја имаше ХЕЦ Глобочица. Многу причини ја оспорија  реализирацијата  на акцијата за чистење, вели директорот. Поради високото ниво на водата во езерото, неможевме да ја спуштиме браната за да ги исчистиме дримот. Од друга страна, голем дел од угостителите кои профитираат од масите и столчињата по кејот, веќе си ја исчистиле реката пред себе, останат е само еден дел, додава директорот. Информира дека ќе ангажира лица да го исчистат потегот од чаршискиот мост до онај кај клапната.
Се надева дека акцијата ќе се спроведе за брзо време.

{loadposition content9}