Завршија предвидените работи од првата фаза на непосредна заштита при реализација на Конзерваторски проект за конзерватоско – реставраторски работи на архитектонски објект на ул. „Партизанска“ бб Струга. На објектот се изврши препокривање.
„Стариот оштетен кров се демонтира и по извршена статичка пресметка се поставија нови кровни елементи. Се постави нов патос од даски , од внатрешната страна се постави термоизолација од минерална волна поставена меѓу роговите кои се затворија со гипсено картонски плочи. Над дасчениот под се постави паропропусна фолија, летви и завршено е со ќерамиди од тип каналица – медитеран. Поставени се нови хоризонтални и вертикални олуци, обработена е оштетената декоративна стреа на објектот , а исто така се заменаа и оштетените прозори со нови дрвени кружни прозорци.“– информираат од Завод и музеј Охрид.
Објектот е класичен претставник на градската архитектура од почетокот на XX век, датира од 1934 година изграден од италијанската војска како царински терминал. Од 1945 – 1952 година бил воена команда на ЈНА. Во 1953 година го презема туристичката агенција Турист и тогаш станува хотел Галеб – првиот хотел во Струга. После 1965 година го презема општината каде бил сместен претседателот на општината народна одбрана и други сектори. Денес го користат Министерството за одбрана и други институции .
Овој проект финасиски беше подржан од министерството за култура на РС Македонија, а се реализира преку НУ Завод и Музеј Охрид под раководство на Дипломиран инженер архитект Анита Пејчиноска Танеска.