Skip to main content

Ревалоризацијата на значајните објекти во Струга во завршна фаза

Иако станува збор за очигледно помал број на објекти кои ќе бидат реставрирани за разлика од она што се работи во Охрид, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска негира дека станува збор за некаква селективност кај министерството.

 |  Мишел Наумоски  | 
objekti struga

Значајните културно-историски објекти во Струга во завршна фаза од процесот на нивна ревалоризација. Иако станува збор за очигледно помал број на објекти кои ќе бидат реставрирани за разлика од она што се работи во Охрид, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска негира дека станува збор за некаква селективност кај министерството. Таа вели дека средствата од буџетот на министерството се распределуваат на конкурс и дека тие не можат да одвојат средства за некоја институција ако таа не се јавила на конкурс или не аплицирала со проекти.

revalorizacija objekti struga„ Нашите национални институции се јавуваат на конкурси и аплицираат со проекти. Така да инвентивноста и иницијативноста мора да произлезе од самите институции. Во Струга како национална институција го имаме Центарот за култура, Музејот во Струга, така да сите оние апликации и проекти, и општината се разбира може да аплицира така да конкурсот е отворен за сите и навистина се води сметка во поддршка на квалитетни проекти, не само на нашите национални институции, исто така се поддржуваат и проекти на локалните институции, општините, невладиниот сектор, здруженија на граѓани.“-вели  Елизабета Канческа-Милевска-Министерка за култура на Р.М.

Директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска вели дека и покрај тоа што станува збор за помал број на објекти, и во Струга сериозно се работи на зачувување на значајните културно-историски објекти.

konzervacija kukji„И Струга имаме доста објекти лоцирани претежно околу центарот, односно спомен домот на Браќа Миладиновци, знаете дека овој објект го реновиравме пред три години, во план е да направиме конзервација и на куќата од Коџоман, куќата од Владо Малески, кои се наоѓаат во непосредна близина, а објектите кои што ќе ги работиме догодина, објектот на Несторови исто така во непосредна близина се наоѓа и на госпоѓата Ружа Ѓоревска исто така заштитен објект кој се наоѓа во центарот на Струга и неопходна е заштита.“-рече таа.

Покрај споменатите проекти, Паскали-Бунташеска потенцираше дека веќе е при крај и процесот на конзервација на фрескоживописот на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, каде следнава година ќе биде завршена последната фаза од конзервацијата, додека пак архитектурата, според Бунташеска е одлично сочувана и нема потреба од нејзина конзервација.